“ВРЕМЕТО НЕ ЈА ЛЕЧИ ТАГАТА“: Пеце од “Суперхикс“ прозборе за смртта на брат му (ФОТО)

by Тони Зографски

Фронтменот на “Суперхикс“, Петар Младеновски пред неколку дена беше гостин во „Бекстејџ“ каде зборуваше за новата песна ,„Ана“. Освен што откри детали поврзани со синглот и видеото, Пеце прозборе и за болката после смртта на неговиот брат кој го изгубил пред околу 12 години.

“Времето не лечи ништо, тоа е лага. Во една прилика изјавив дека музиката ми помага полесно да ја надминам тагата, и навистина е така. Брат ми почина од канцер, од тогаш сум бил дел од многу акции поврзани со кревање на свеста за оваа болест, бев дел и од кампањата на „Борка“. Таков е животот, мораш да научиш да живееш со загубите“, рече Пеце.

Инаку, Петар Младеновски е во брак со актерката Ели Клинчаревска Младеновски и ги имаат децата Никола и Маша.

останати вести