Луј Витон отвара кафуле и ресторан (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

by Тони Зографски

Луј Витон во сабота ќе ги отвори својот прв ресторан и кафуле. Брендот за првпат ќе стапне во кулинарските води и тоа во Осака, Јапонија.

Le Café V ќе им нуди на посетителите можност да уживаат покрај бар или на голема тераса додека во ресторанот Sugalabo V секоја вечер ќе бидат услужувани само лимитиран број на гости. Во отворената кујна ќе се приготвуваат специјалитети од реномираниот јапонски шеф Јосуке Суга.

Инаку, ентериерот е дизајниран од Јун Аоки и треба да асоцира брод кој плови на вода.

Ресторанот ќе има ограничен број на гости.

останати вести