Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Здравата исхрана е приоритет за задоволување на нутритивните потреби и поддршка на целокупното здравје. Суплементацијата помага да се пополнат недостатоците на специфични витамини или минерали за подобрување на здравјето или за спречување болести.
Витамините растворливи во масти, витамин К, А, Д и витамин Е се апсорбираат во присуство на здрави масти од исхраната (јајца, масна риба, авокадо, маслиново масло, јатки, семки) и се складираат во масното ткиво.
Витамините растворливи во вода (витамини Б, витамин Ц ) телото не ги ги складира, се елиминираат преку урината.
Хранливите материи меѓусебно комуницираат, влијаат на тоа како телото ги искористува. Затоа е важно да знаеме кои витамини не треба да се земаат заедно, во исто време.
Некои витамини се опасни ако се земаат премногу. Вишокот витамини растворливи во масти се складира во телото, се отежнува отстранувањето, се акумулираат до токсични нивоа. Вишок витамин Б6 може да предизвика невролошки симптоми, вкочанетост или трнење во екстремитетите.
Комбинации што треба да се избегнуваат:
Железо и калциум земени заедно спречува варење на дел од железото, се јавуваат стомачни тегоби. Да се избегнува додаток на железо со оброк со висок калциум, млеко, лиснат зеленчук.
Високи дози на железо и цинк земени на празен стомак-апсорпцијата на цинк може да се блокира.
Калциум со други минерали-калциумот се натпреватува со апсорпцијата на другите минерали, цинк, магнезиум или железо.
Витамин Ц и витамин Б12 треба да се земаат на растојание од најмалку два часа. Витаминот Ц се меша во апсорпцијата на Б12.
Витамин Б9 и витамин Б12 -земањето премногу фолна киселина или фолат може да ги скрие симптомите на недостаток на витамин Б12.
Витамин Е и витамин К-витамин Е може да ги неутрализира ефектите на витаминот К препишан за да помогне во згрутчувањето на крвта.
Калциум, цинк или магнезиум земени заедно се натпреваруваат за апсорпција; најдобро е да се земат поединечно. Заедно може да се земат во мултивитамин каде се во помали дози.
Бакарот и цинкот се натпреваруваат за апсорпција, во овој случај цинкот победува. Ако земате додаток на цинк, не земајте истовремено додатоци на бакар, железо или фосфор. Земете ги во растојание од најмалку 2 часа.
Додаток на витамин А со храна богата со витамин А (црн дроб)-вишокот се складира во телото и може да доведе до послаби коски и фрактури како што старееме.
Зелен чај и железо кога се земаат заедно, антиоксидансите од зелениот чај се врзуваат за железото, се намалуваат позитивните ефекти од зелениот чај.
Антиоксидансите земајте ги одделно од мултивитаминот. Избегнувајте земање додатоци на калциум со антиоксиданси заедно, калциумот го намалува начинот на кој телото ги користи каротеноидите, бета-каротен, ликопен и астаксантин.
Интеракции со лекови-додатоците што содржат витамини, минерали и омега-3 масни киселини, можат да се мешаат со лекови на потенцијално штетни начини, како што се разредувачи на крвта, лекови за тироидната жлезда. Разговарајте со докторот ако земате редовна терапија.
Витаминот К и витаминот А може да ги направи лековите за разредување на крвта помалку ефикасни. Билните лекови можат да реагираат со лекот варфарин: брусница, рибино масло, лук, гинко, жен шен, кантарион, млечен трн, витамин Е.
Да му помогнеме на телото ефикасно да ги апсорбира хранливите материи;
– избегнувајте витамини растворливи во масти на празен стомак – овие витамини најдобро се апсорбираат со масти.
– Б-комплекс витамините може да се земаат заедно, работат заедно во телото и често се наоѓаат заедно во иста храна.
– Парови витамини кои може да се земаат заедно-комбинирајте железо и витамин Ц за да се помогне апсорпцијата. Витаминот Д и калциумот си помогаат во апсорпцијата и го поддржуваат здравјето на коските. Витамин Ц и цинк може да сезаедно во додатоците за имунитет.
Дневниот мултивитамин треба да се земе со најголемиот оброк во денот со здрави масти за да се овозможи оптимална апсорпција на витамините растворливи во масти.
