д-р Елена Арсова, медицински директор во 101 Hair Clinic
Враснувањето на ноктите е болна и непријатна состојба, која секој од нас ја имал некогаш во животот.
Издвојуваме 10 причини кои се имплицирани во развојот на враснатите нокти:
- Неправилно сечење на ноктите, сечење во V облик, кружно или прекратко сечење ќе предизвика подудирање, испакнување на мекото ткиво и можност да се остави врв од ноктот кој е тешко да се отстрани што резултира со воспалителна реакција.
- Неадекватни неудоби чевли. Константниот притисок на лежиштето и жлебовите на ноктот резултира со пукање на ноктот, формирање спикули и инфламаторен процес.
- Неправилност на ноктната плоча во вид на зголемена закривеност, зголемена курватура на ноктот, како пинцер нокт, деформитети од претходна траума или некоја патологија на коските
- Прекумерно потење. Забележано е дека враснувањето е често кај тинејџери и војници , кај кои е присутно екцесивно потење, што резултира со омекнување на нокотните набори и на ноктот. Со физичка активност или спортување, се појавуваат остри врвови кои лесно го пробиваат омекнатиот епидермис.
- Зголемена телесна тежина. Дебелината може да ги продлабочи нокотните жлебови и да предиспонира враснување на ноктите
- Лекови
- Генерализирано зголемена хипермобилност на зглобови поради што се менува биомеханиката на стопалото и последователно се зголемува притисокот на средниот дел од стопалото и на зглобовите меѓу прстите и стопалото па предиспонира враснување на палецот
- Онихомикоза. Габичната инфекција на ноктите се манифестира со крти нокти кои се кршат и формираат спикули од ноктот и го продупчуват наборот
- Наследни фактори, кај лица кои генетски имаат закривени нокти со дисторзија на ивиците на ноткот
- Патолошки халукс валгус интерфалангеален агол поголем од 14.5
Враснатите нокти може да предизвикуваат силна и непријатна болка и да го отежнат движењето и вршење на секојдневните обврски. Постојат повеќе фактори кои придонесуваат за појава на враснати нокти. Треба да бидете внимателни и да препознаете кога да побарате стручно лице за да ве прегледа и да го третира проблемот.