ВАШ ПСИХОЛОГ: Грижата на бабата и дедото

by Тони Зографски

М-р Калиа Поповска

советник за депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето

Web strana: https://www.kaliatherapylondon.com/

Instagram: kalia.therapylondon

Бабата и дедото играат многу значајна улога во развојот на децата кое влијание е различно од врската родител-дете. Извор се на мудрост, воведуваат културни и семејни традиции, позитивно влијаат на среќата и благосостојбата на целото семејство и помогаат да се формира слика за здрава семејна динамика.

Улогата на бабата и дедото постојано се менува – учител, другар за игра, згрижувач, љубовен советник. Љубовта и емоционалната близина што ја даваат има големо, позитивно влијание на здравиот развој на внуците. Силната поврзаност на децата им дава сигурност и чувство на припадност, а заедничките активности создаваат посебни спомени. Преку блискиот контакт, чувството на емоционална интимност и непоколебливата поддршка, децата може да осетат што е вистинска, неусловна љубов.

Наједноставната работа што баба и дедо може да ја направат за внуците е да бидат заедно повеќе време.

Почитувањето децата го учат од родителите, но бабата и дедото имаат големо влијание на ова поучување затоа што тие не ја исполнуваат традиционалната улога на авторитет. Децата учат да ги ценат постари и учат како да одржат значајна врска надвор од родителите.

Бабата и дедото:

– влијаат на формирање на верувањата и ведностите на детето

го намалуваат стресот во семејството, помалку депресија и кај децата и кај старите. Совршени се за игра и забава, за креативност и имагинација во откривање на чудата на животот.

имаат големо искуство, имаат многу приказни од животот и искуства за споделување, нудат врска со културното наследство и семејната традиција. Децата го формираат својот идентитет и учат од каде потекнуваат.

даваат чувство на сигурност особено во тешки времиња, дополнителна сигурност е важна во животот на детето. Блискиот однос е асоциран со помалку емоционални проблеми, помалку проблеми во однесувањето и предизвици со врсниците. Тие се дополнителен слушател кога детето сака со некого да зборува.

нудат прифатлива опција за згрижување на децата во семејства каде родителите работат, играат голема улога во подигнување на децата.

– даваат совети – младите родители повеќе им веруваат на своите родители, отколку на пријателите или веб страните. Бабата и дедото ги тешат родителите кои се фрустрирани и помагаат во донесување на семејни одлуки.

– ги учат децата – внесуваат ентузујазам што му помага на детето да расте и учи низ емоционална присутност, игра, прошетка, споделување, зборување, читање, раскажување приказни. Тие се емоционална поддршка на внуците, покажуваат разбирање и ги зајакнуваат границите дадени од родителите.

– даваат љубов – најважното нешто. Вниманието, интеракцијата и безусловната љубов потребни за здрав развој помагаат детето да се чувствува сигурно и безбедно. Љубовта има вистинско, трајно влијание на иднината на децата.

Активното вклучување на баба и дедо помага да израснат сигурни, самоуверени деца кои полесно се справуваат со стрес и имаат помалку проблеми во однесувањето како возрасни. Љубовта и охрабрувањето од баба и дедо се градежен материјал за самодовербата.

 

останати вести