Бројките непрекинато растат: Нови 219 случаи на коронавирус, починаа четири лица

by Тони Зографски
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 229 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје и Тетово – по 65, Куманово – 20, Гостивар – 19, Струмица – 7, Кичево – 6, Битола, Струга, Берово и Виница – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар – по 2, Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод  и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 30 оздравени пациенти од: Скопје – 9, Тетово – 8, Гостивар – 3, Куманово – 2, Прилеп, Струмица, Кочани, Кичево, Гевгелија, Радовиш, Делчево и Валандово – по 1.
Пријавени се четири починати лица: две лица од  Скопје (61г и 66г) и едно лице од  Тетово  (76г) и Кичево (76г)  починати во болнички услови.

останати вести