Музичарот Ивица Вдовиќ беше една од иконите на југословенскиот рок и човек кој го создаде култниот бенд “ЕКВ“.
Но, тој бил регистриран како ХИВ позитивна личност и како што изјавила неговата пријателка глумицата Соња Савиќ,сите му свртиле грб и масовно го избегнувале. Легендарната глумица тврдеше дека Вдовиќ бил најважниот член на ЕКВ и човек кој ги створил Милан Младеновиќ и Маргита Стефановиќ, кој ја донел во бендот бидејќи му била девојка.
Поради болеста Ивица, кој бил со прекар Вд, ја напуштил групата бидејќи пробите му биле премногу напорни. Починал во 1992 година во Белград од СИДА.
-Кога Дарко Рундек ме праша како Вд умре, му реков дека само падна од креветот во некаква инфективна кеса која никој не сакал да ја подигне – рекла сега покојната глумица, Соња Савиќ.