Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМЕН, Антонио Милошоски, во моментов се наоѓа во полициската станица Центар во Скопје, каде што пред надлежен началник го пријавува функционерот на ДУИ, Вaлмир Азири, државен секретар во Министерството за култура, за синоќешните искажани закани со физичко насилство кон Милошоски кои воедно се и говор на омраза, пренесува МКД.
Азири синоќа преку Фејсбук напиша статус кој содржи закани и говор на омраза.
Тој го избришал статусот на Фејсбук, но тој веќе беше пренесен од многу медиуми.
„Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Помина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците“, напиша вчера Азири.