Блажевиќ еднаш успеа да го победи ракот, но сега води голема битка и неколкупати јавно потенцира дека сè поблизу е крајот, па откако ја доби наградата посочи дека се плаши дека ова е негов последен говор и последна награда што ја добива.
„Им благодарам на сите што имаа рефлекс да ме развеселат во една тешка здравствена ситуација. Јас дојдов само да потврдам колку ми е драго и колку навистина ми е мило да се дружиме и да се бориме еден за друг. Но, се плашам дека ова е мојата последна награда која ја добивам во животот и се плашам дека ова е мојот последен говор кој го држам пред вака еминентен собир. Се ближи мојот крај“, рече Блажевиќ.