Викторија Бекам години наназад привлекува внимание со својот изглед, со успесите, како и семејните односи, додека нејзината животна приказна е како филм.
Кога е кариерата во прашање, изгледа дека на Викторија ѝ нема рамен – таа е една од најдобрите во својата работа. Дизајнерката вчеравечер во Лондон одржала божиќна забава, која е воедно и промоција на нејзината облека и козметичка линија.
Викторија, како и секогаш имала поддршка од семејството, а на настанот се појавиле нејзините деца Ромео, Круз и Харпер Севен. Интересно е дека најстариот син Бруклин не се појавил, додека Дејвид оправдано бил отсутен, со оглед дека престојува во Катар на Светското првенство.
Дека е одличен познавач на модата и на врвот на нејзиниот бизнис, Викторија тоа го докажала и овојпат. Нејзината модна комбинација ги оставила сите без здив. Таа носела виолетова ролка со длабоко здолниште со шлиц кое ги открива нејзините нозе.
Меѓутоа, фотографијата која се појави еден ден по забавата предизвика вистинска бура во јавноста. Имено, папараците направиле фотографија на која се гледа дека нејзината десна нога е многу збрчкана и чудна.
Познато е дека дизајнерката никогаш не излегува во јавност несредена и дека сè мора да биде под контрола, но сепак, овојпат работите излегле од контрола. И покрај ова, Викторија засекогаш ќе остане симбол на елеганцијата и префинетоста.