Њујорк се одржа премиерата на филмот „Puss in Boots: The Last Wish“, која обедини бројни познати лица кои работеле на најновата адаптација на приказната на Шарл Перо.
Гласот на Мачорот во чизми во продолжението, како и во првиот дел, го позајмува познатиот холивудски шармер Антонио Бандерас, кој ја имал најубавата придружба на целиот настан. На Бандерас му се придружила секогаш беспрекорната Селма Хаек, чиј глас одлично се вклопи во ликот на Кити, најголемата симпатија на Мачорот во чизми.
Посебно ефектни биле сребрените детали на корсетот и кратките проѕирни ракави кои паѓале преку рамената. Бојата, деталите на креацијата, но и грациозниот став на Хаек нè потсетија за момент на Пепелашка, омилената принцеза на „Disney“ која е позната токму по синиот фустан.
Селма ја нагласила природната убавина со лесна, речиси незабележлива шминка, а минималните модни додатоци го надополниле впечатокот на принцеза од бајките.