Еден од најдобрите светски фудбалери во последните десетина години, капитенот на Хрватска Лука Модриќ е нетипична фудбалска ѕвезда, ретко зборува за својот приватен живот, а познато е дека со години е во брак со жената на неговиот живот Вања.
Иако многумина знаат дека парот има три деца и дека никогаш немале скандали или афери, јавноста знае многу малку за сопругата на еден од најдобрите фудбалери на овие простори во историјата, скромната Вања Модриќ.
Вања Модриќ е навистина нетипична сопруга на фудбалер – нејзиниот профил на социјалните мрежи е наменет само за блиски пријатели, ги снима натпреварите на сопругот и детално ги анализира со него, а се шпекулира дека таа е одговорна за неговите трансфери и професионално одлуки.
Лука Модриќ на 19 годишна возраст првпат ја видел 25 годишната Вања на стадионот Маскимир во Загреб, каде работела нејзината мајка, во далечната 2004 година, додека играл за Динамо Загреб.
Фудбалерите на Динамо ја нарекувале мајката на Вања шефица и секогаш од неа барале совет за трансфер или премија.
Лука и Вања многу брзо потоа ја започнале својата врска. Кратко време потоа Лука прави трансфер во англискиот Тотенхем а Вања ја напушта работата во Загреб и се сели заедно со него во Лондон.
Вања неочекувано во Лондон станува личен агент на своето момче Лука Модриќ и според медиумите е главната алка за феноменалниот трансфер и милионскиот договор на Лука во 2012 година од Тотенхем во Реал Мадрид.
За разлика од многу сопруги и девојки на фудбалери, Вања која според професионалните обврски многу налукува на својата мајка која била службеничка во Динамо и знаела многу за фудбалските случувања, живее далеку од очите на јавноста и медиумите, скромен и повлечен живот, посветена на сопругот и децата.
Инаку Лука и Вања се венчале во мај 2010 година во Загреб, а кум на свадбата им бил тогашниот соиграчот на Модриќ од Тотенхем, Ведран Чорлука, сега актуелниот помошник на хрватскиот селектор Далиќ.
Инаку брачниот пар Модриќ има три деца – синот Иван и ќерките Ема и Софија.