Моментално највиралното видео на Твитер е една несекојдневна сцена од трибините на Светското првенство, која се случила за време на натпреварот помеѓу Хрватска и Бразил.
Имено, камерите „уловиле“ една комична сцена на трибините во која млад Бразилец ѝ го држел телефонот со вклучена предна камера на својата поубава половина за да ѝ помогне да си ја поправи шминката.
Меѓутоа, додека таа сконцентрирано го поправала ајлајнерот, а тој го држел телефонот, гледајќи што се случува околу него, на теренот и на трибините, во еден момент некому намигнал и се насмевнал.
Every woman needs a man like himpic.twitter.com/7gOlpnRGSU
— Troll Sports (@TroIISports) December 10, 2022