Селин Дион откри дека боледува од “синдром на вкочанета личност“ и ја одложила својата турнеја.
Пејачката на својот Инстаграм профил објави видео во кое вели дека боледува од ретка невролошка болест која погодува еден од милион луѓе во светот.
“Поздрав до сите. Извинете што ми требаше толку време да се вратам кај вас. Многу ми недостигате сите и едвај чекам да разговарам со вас на сцената”, започнала таа.
„Како што знаете, отсекогаш сум била како отворена книга и претходно не сум била подготвен да кажам ништо, но сега сум подготвена. Долго време имав здравствени проблеми и ми беше многу тешко да се соочам со предизвиците и да разговарам за сè низ што сум поминала“, додаде таа.
„Неодамна ми беше дијагностицирана ретка невролошка болест наречена „синдром на вкочанета личност“, која погодува еден од милион луѓе“, откри таа.
„Иако сè уште учиме за оваа ретка болест, сега знаеме што ги предизвикува грчевите што ги имав“, додаде таа.
Пејачката исто така открива дека откажала осум концерти закажани за летото 2023 година и ги поместила датумите на концертите што требаше да се одржат на пролет 2023 година за 2024 година.
Тоа е ретко невролошко нарушување со карактеристики на автоимуна болест. Се карактеризира со флуктуирачка мускулна вкочанетост во трупот и екстремитетите и зголемена чувствителност на стимули како што се бучава, допир и емоционален стрес, што може да предизвика грчеви во мускулите.