Актерот Брус Вилис во март годинава објави дека става крај на својата долгогодишна кариера откако му беше дијагностицирана афазија.
Иако неговата состојба со текот на времето само се влошува, неговото семејство го користи секој момент со него и „се надева на чудо“.
Откако актерот ја откри борбата со болеста која ги напаѓа неговите когнитивни способности, изминатите неколку месеци станаа и тешки и драгоцени за семејството Вилис, а сите се трудат да не пропуштат ниту еден момент со саканиот актер. Извор близок до семејството открива дека неговата состојба само се влошувала од почетокот на годината, па семејството често се собира и го поминува времето заедно.
Тие знаат дека Брус нема да биде вечно наоколу. Ема Хеминг и Деми Мур, сегашната и поранешната сопруга на Брус, се зближија уште повеќе и заедно му помагаат на актерот да му го олеснат животот со болеста, а Деми се труди да биде во постојан контакт со него.
“Таа ја користи секоја прилика да помине време со него. Ако не е со него, тогаш се јавува на телефон само за да го слушне гласот на Брус”, рекол споменатиот извор.
Големото семејство и сега, како и секоја година, празниците ги поминува во Ајдахо, а имаше и неколку фотографии на кои Мур и Вилис позираа заедно со нивната 28-годишна ќерка Талула. На фотографијата мајката и ќерката позираа прегрнати, а им се придружи и Брус кој го гледа нивното милениче куче Пилаф.
„Ги сакам моите родители и моето семејство“, напиша Талула.
Изворот додал дека времето поминато заедно и традициите на ова семејство отсекогаш биле посебни и дека нивните пријателства сега продолжиле и станале уште поубави, иако со допир на тага.
„Брус не може да зборува многу и се чини дека не разбира многу од она што другите го зборуваат. Ема стана негов глас и некој што комуницира за него. Има денови кога тие забележуваат делови од стариот Брус, но тоа се кратки моменти Изгледа „Брус сè повеќе им се измолкнува и тоа им ги крши срцата. Тие не можат да го замислат Божиќ без тој сакан маж“, објаснил изворот.
“На неговите постари ќерки им недостига нивниот татко таков каков што беше, тој што ги задеваше за нивните момчиња и им даваше совети. Со доаѓањето на Божиќ, сè што можат да направат е да му кажат дека го сакаат и да се молат за чудо”, заклучил изворот.