Роберт Патинсон оваа година повторно беше прогласен за најубав маж на светот, а неодамна првпат се појави со девојката Суки Ватерхаус на модната ревија на Диор за есен 2023 година во Гиза, Египет.
Парот кој е во врска четири години, се појавил на црвениот тепих на настан во Доха каде позирал пред фотографите и изгледал прилично заљубено со насмевки на лицата.
Патинсон носел крем костум и кафеава ролка, додека Ватерхаус носела виолетов фустан со проѕирна наметка. Својот изглед манекенката го комплетирала со црвен кармин на усните и црни штикли со ремени.
Патинсон и Ватерхаус првпат поттикнаа гласини за љубовна романса во 2018 година, откако папараците ги уловија како се забавуваат. Нивната врска, наводно, станала посериозна во 2020 година кога заедно биле во карантин среде пандемијата на коронавирусот.
Иако Патинсон ретко зборува за неговата врска со манекенката низ годините, тој се осврнал на важноста да се задржи неговиот љубовен живот приватен во интервју за The Sunday Times во 2019 година.
Инаку, интересно е што Патинсон е прогласен за најубав маж на светот според стандардите на науката. Според резултатот, лицето на овој актер е 92,15 отсто совршено.