Жозе Мурињо и натаму е главна ѕвезда во англискиот печат. Сега на ред дојде неговиот приватен и љубовен живот.
Според некои од најпопуларните веб-портали и твитер профили од Островот, таблоидот „Сан“ имал подготвено уште од многу поодамна цела сторија за наводната вонбрачна врска на Португалецот и извесна девојка по име Пру Картер-Робинсон, која е инаку 14 години помлада од него.
Според „Сан“, Мурињо веќе 8 години бил во љубовна врска со оваа 41-годишна блондинка. Во обид да ја објават приказната додека Португалецот беше на чело на Манчестер Ј., новинарите на „Сан“ добивале закани од адвокатите на Мурињо, што само го пролонгира објавувањето на приказната, која викендов е топ-тема во Англија.
Пру Картер-Робинсон е поранешна вработена во ИБМ, која живее со Жозе Мурињо додека тој бил тренер на Реал Мадрид.