На една пациентка во клиника во Манхајм, Германија, ѝ пречел респираторот на кој била прикачена пациентката во нејзината соба, па го исклучила.
Изнервирана од звукот на респираторот кој ѝ помагал на 79-годишната жена да дише, седум години помладата пациентка во соседниот кревет одлучила да го исклучи.
Персоналот на болницата го забележал навреме исклучувањето на респираторот и го вклучил повторно. Персоналот ја предупредил пациентката дека не смее да го исклучува респираторот на жената со која ја дели просторијата, пренесуваат агенциите.
Меѓутоа, само еден час подоцна таа повторно го исклучила респираторот. Постарата пациентка повеќе не можела да дише и колабирала, па дури морала да се реанимира, соопшти полицијата.
Обвинителството во Манхајм побара од судот налог за апсење на 72-годишната жена, која откако беше оценета како доволно оздравена, беше префрлена во истражниот затвор.