Мариса Пул стана позната поради сличниот изглед со Меган Фокс, но оваа 29-годишна Британка не изгледала отсекогаш вака.
Имено, додека била во брак, таа го негувала нежниот изглед и кратката боб фризура, иако поради тоа била многу несреќна и не се чувствувала добро во својата кожа.
„Во целост се изгубив себеси. Мислам дека на многу жени им се случува тоа во бракот и кога ќе станат мајки“, изјавила Мариса за „Daily Star“.
По спогодбениот развод, таа започнала да прави нешта кои ја прават среќна.
„Го запознав сопругот кога имав само 17 години. Откако не сме повеќе заедно, повторно се чувствувам како себе. Сега имам долги темни екстензии, ја пуштив косата и се шминкам на начин како што отсекогаш сум сакала“, објаснила таа.
Поранешните сопружници биле во брак речиси 6 години и имаат 2 деца, а Мариса вели дека сега се чувствува одлично одвнатре, како и однадвор.
„Ги поттикнувам сите мајки да одвојат барем малку време во денот за себеси. Тоа е многу важно и сопственото време треба да се цени. Јас сега се средувам и по еден час и се чувствувам како вистинската јас“, порачала Мариса која има 11 тетоважи и 7 пирсинзи кои го надополнуваат нејзиниот храбар стил.