Јелена Карлеуша пред неколку дена отпатува во Дубаи, за да се одмори од напорната сезона која е позади неа. Покрај тоа, пејачката ја искористила приликата да се види и со Милица Павловиќ, која настапуваше во ОАЕ, а заедно и го следеа првиот натпревар на српската репрезентација против Бразил во Катар.
Нормално, Карлеуша ниту овој пат не ги заборави своите обожаватели на социјалните мрежи, па ги израдува со неколку провокативни фотки од плажа.
– Дубаи – напишала накратко Јелена под фотографиите со гром емотикони, а за само неколку минути добила неколку илјади лајкови и коментари.
„Експлозивна дива“, Уникатна дива“, „Кралица на бикини“, „Згодна сопруга и мајка“, се дел од коментарите.