Поранешната љубовница на контроверзниот шпански крал Хуан Карлос, Кориња Зу Сеин-Витгенштајн открива голем број шокантни детали за нивната врска во подкастот „Корина и кралот“.
Во новата епизода од овој подкаст, таа зборуваше за нивното патување во Боцвана во 2012 година кое започна огромен скандал во Шпанија.
Истражувачкиот подкаст ја разгледува врската на Корина со поранешниот крал на Шпанија и како таа врска одигра клучна улога во неговата абдикација во 2014 година. Се верува дека двајцата биле во врска од 2004 до 2009 година, а кога отпатувале во Боцвана, повеќе не биле заедно.
Предлогот да оди во Боцвана го дал Хуан Карлос – да го прослави 10-тиот роденден на нејзиниот син. Кога пристигнале во оваа земја, таа сфатила дека кралот ќе го искористи одморот на поинаков начин. На патувањето со себе понел неколку кутии вино, а по една вечер пиење се разбудил од болки и не се сеќавал на четвртокот.
Нејзе ѝ било кажано да се врати со приватен авион во Шпанија. Таа итно заминала за Мадрид, а патувањето и сите трошоци што ги платил сирискиот бизнисмен биле чувани во тајност од владата, пишува „Дејли мејл“.
Јавноста во Шпанија бурно реагираше на фалењето на кралот, кој уживаше во Боцвана додека земјата беше во економска криза. Масло на огнот долеа неговата фотографија од 2006 година како позира со мртов лав. Ова особено ги налути активистите за правата на животните.
Во весниците, Корина беше означена и како убиец на слонови, а се шпекулираше дека Хуан Карлос уживал во лов и во Боцвана. Објавено е името на љубовницата на кралот и покрај договорот со медиумите.
Таа истакна дека била изложена на огромен медиумски притисок бидејќи во претходната епизода од подкастот откри дека нивната врска тргнала надолу во 2009 година по смртта на нејзиниот татко, за кого таа се грижела. Бидејќ таа не можела да му се посвети на кралот, тој нашол нова љубовница.
Добро се сеќава и на средбата со Софија од Шпанија, сопругата на Хуан Карлос, за која верува дека имала удел во медиумскиот линч врз неа, но нема докази за тоа.
„Кралицата Софија бесно влета во собата. Таа покажа кон мене и ми кажа дека знае која сум. Сакав да пропаднам во земја“.
Таа додаде дека Хуан Карлос во тој момент бил целосно збунет и не знаел како да се справи со ситуацијата.
„Се чувствував како негова сопруга, а не како љубовница. Ми се јавуваше 10 пати на ден”
Во втората епизода од подкастот, Корина зборуваше за обвиненијата за корупција со кои се соочи нејзиниот поранешен љубовник пред тој да абдицира во 2014 година и да замине во Абу Даби. Рекла дека редовно го гледала Хуан Карлос како се враќа од патувања со торби полни пари, но дека никогаш не ѝ кажал од каде му се парите.
Поткастот, чиј автор е новинарот Бредли Хоуп, најверојатно ќе се совпадне со нејзиното сведочење против Хуан Карлос за наводно вознемирување и шпионирање. Веќе во првата епизода таа тврдеше дека тој ѝ се јавувал 10 пати на ден со лажно име.
„Тој ќе се јавеше на некој што има одлични вина и ќе речеше дека му се допаѓаат, следното нешто што ќe се случeше беше 20 примероци од тоа вино да пристигнат на адресата. Го гледав како се враќа од патување со вреќи полни пари, за кои велеше дека припаѓаат на пријателите“, рече Корина, која го опиша Хуан Карлос како смешен и упорен љубовник.
Рекла дека за време на врската со него се чувствувала како негова сопруга, а не како негова љубовница, а првпат го запознала на забава во јужна Шпанија. Таа тогаш била мажена, со вториот сопруг, но живеела одвоено од него.
На кралот му се допаднало кога таа го прекршила протоколот со напуштање на забавата пред тој да заврши со јадење. Тоа било храбар потег за него.
Откако Хуан Карлос абдицирал, нови крал и кралица на Шпанија станале Фелипе и Летиција.
„Ми стануваше јасно дека не водеше двоен живот, туку петкратен. Има нешто прилично безобразно во врска со него. Замислете некој кој ви вели дека сте љубов на неговиот живот да ве смести во кривична истрага“, изјавила Корина за крај.