1. Ако одлучиш да ми подариш играчки на батерии, те молам донеси ми и батерии.
2. Мојата единствена и најголема желба е да бидам поубава од другарка ми Елена.
3. Дедо Мраз, те молам јави му се на татко ми. Тој ја има целата моја листа со новогодишни желби.
4. Сакам косата да ми стане долга метро и пол.
5. Моите другарчиња не веруваат во тебе. Те молам испрати ми фотографија со автограм за да им докажам дека навистина постоиш.
6. Кога ќе се пензионираш, може ли јас да бидам новиот Дедо Мраз?
7. Дали викаш хо, хо, хо, бидејќи не зборуваш други јазици?
8. Сакам сите мои роднини и миленичиња да живеат вечно, ама не и лошите луѓе.
9. Ти благодарам за подароците минатата година. Оваа година сакам двојно повеќе.
10. Зошто Петар доби Плеј стејшн 2, а не јас. Мислиш дека е фер?
11. Дали минатата година дојде преку визбата? Може ли годинава да имаме шифра и таа да биде „чоколадна торта“ за да знам дека навистина подароците ги носиш ти. Не сакам тато да биде Дедо Мраз.
12. Сакам да имам 12 години до крајот на животот.
13. Може ли да го добијам твојот телефонски број и да се слушнеме кога ќе дојдеш? Сакам да го видам ирвасот Рудолф.
14. Може ли годинава да дојде Баба Мразица, многу се плашам од тебе. Извини Дедо Мраз.
15. Ти оставив колачи и млеко под елката, а пред вратата има моркови за Рудолф.
16. Сакам Спајдермен-костум. Сакам и други работи, ама не ми текнуваат во моментот. Ќе ти ги кажам подоцна, кога ќе се видиме.
17. Дедо Мраз, може ли да ми кажеш што правиш останатите 364 дена во годината? Дали можеби ги правиш играчките?