Јелена Ѓоковиќ е активна на социјалните мрежи каде често споделува искуства и совети со своите следбеници.
Сопругата на најдобриот српски тенисер се огласи по повод инфлацијата цитирајќи ја Ана Винтур.
Јелена сподели фотографија од главниот уредник на магазинот „Вог“ со нејзината реченица:
„Ви препорачувам на сите да добиете отказ! Тоа е одлично искуство за учење“.
Меѓутоа, оваа нејзина објава наиде на многу критики, а следеа и бројни коментари за цитатот што го сподели.