Легендата на светскиот фудбал, шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ последните денови ги помина во елитниот Дубаи, а неговиот изглед предизвика големо внимание.
Ибрахимовиќ во луксузниот Дубаи ја доби наградата Глоуб Сокер за се што направил во кариерата, а слободното време го користел за прошетка на плажа и пливање во море.
За време на престојот во топлото Дубаи популарниот Ибра имал многу средби со труристите , кои му приоѓале со намера да се фотографираат.
Една Русинка под заедничката фотографија со познатиот фудбалер ставила и интересен опис.
– Со мојат сакан на одмор. Повеќе не можам да ја кријам нашата романса – напишала руската инфлуенсерка Лина Шок во описот на фотографијата со Златан.
Очигледно е дека се работи за шега, а на останатите фотографии Лина позирала со сестра и и родителите кои на одмор во Дубаи ја прославиле 33-годишнината од бракот.