Приказната за Омар Боркан стана вирална откако Арапот тврдеше дека бил протеран од Дубаи затоа што е премногу убав.
Врз основа на приказната дека го протерале од Дубаи затоа што е преубав, во 2013 година Омар Боркан стана светски познат. Магазините ширум планетата се „тепаа“ токму тој да ја краси нивната насловна страница, а овој манекен напорно работел тој период рекламирајќи разни производи.
Меѓутоа, вистината е далеку од тоа што го кажувал Боркан.
Имено, инцидентот се случил за време на фестивал во Ријад, каде што тој и уште двајца манекени работеле на штанд околу кој се собрале жени. Се зборува дека младиот Боркан танцувал непримерно, па верската полиција го замолила да го напушти штандот во Ријад, бидејќи законот не дозволував таква комуникација на мажи со жени со кои не се во сродство.
Тој тогаш „пуштил“ приказна дека бил протеран од земјата поради убавината и таа приказна експлодира во медиумите. Благодарение на таа приказна, Омар беше прогласен и за „најзгоден Арап на светот“.
Омар во 2013 година се преселил во Ванкувер каде што живее и денес.
Меѓутоа, постои и приказна според која Омар бил депортиран од Дубаи во 2021 година, бидејќи објавил видео на Инстаграм во кое пуши марихуана.
Тогаш се огласил и командантот за криминалистички истраги во Дубаи кој навел дека било одлучено Боркан да се депортира од Емиратите бидејќи промовира сомнителен морал.
Сега на сите им е јасно дека Боркан дефинитивно не е пожелен Дубаи, но неговата убавина нема никаква врска со тоа.