Овен – Таа ќе стори сé за да стане најдобар родител на светот. Тоа е нејзиниот мајчин сон!
Бик – Таа е приврзана мајка. Постојаното гушкање и бакнување на деца е нејзини постојана навика што нема да им се допаѓа многу, кога влегуваат во пубертет.
Близнаци – Нејзината куќа е полна со книги и едукативни игри. Ги учи децата на самостојност уште од најрана возраст, бидејќи знае колку многу ќе им помогне тоа во иднина. Демократска мајка, дури и малку повеќе од што треба.
Рак – Исклучително внимателна кон потребите на децата, дури и до најмалите детали. Многу сентиментална. Како карактер таа е кроток човек, но кога станува збор за нејзиното дете, се претвора во див ѕвер.
Лав – За неа е страшно важно детето да има самодоверба, па затоа напорно работи токму во таа насока. Го мотивира, го облекува скапо, често разговара со него како со возрасен, за да се почувствува почитувано и не на долно потценето ниво.
Девица – Мајката со најсилна интуиција. Таа знае што треба нејзиното дете, уште од моментот кога за прв пат го зема во свои раце. Секогаш ќе го фаќа кога лаже и ќе знае, ако нешто го загрижува. Ќе чувствува кога нешто ќе тргне наопаку. Нејзината љубов е бескрајна.
Вага – Таа е многу вљубена во мајчинството, но често се чувствува супер истоштена од домашна работа и илјадниците обврски кои ги има. Вроденото нејзино чувство за правда ќе биде причина да избувнува, но потоа многу вешто ќе го компензира тоа.
Скорпија – Таа е студена кога доаѓа до изразување на нежност, но пак го нкомпензира тоа со супериореното чувство за хумор што нејзините деца го обожаваат. За неа е важно тие да мислат!
Стрелец – Таа е многу сериозна и одговорна мајка. Сè е на распоред – хранење, капење, спиење, игри, бидејќи знае колку важен и корисен е режимот. И е кралица на игрите!
Јарец – Строга мајка која држи на редот и послушноста. Иако изгледа поладна, вистината е дека за неа нејзиното дете е центарот на универзумот и секоја своја акција таа ја прави во име на неговото среќа.
Водолија – Таа е со слободољубив карактер, желба за нови и различни нешта и се обидува истото да го даде и на своите деца. Таа ќе ја промовира нивната љубопитноста, ќе се потруди да растат во средина со неисцрпен оптимизам и желби за авантури.
Риби -Таа е најодговорната мајка! Се грижи беспрекорно за деца од секој наспект. Подготвена е сè за нивната среќа, дури се грижи и жртвува повеќе од потребното.