М-р Калиа Поповска
советник за депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето
Web strana: https://www.kaliatherapylondon.com/
Instagram: kalia.therapylondon
Кога ќе расчистиме со работите што повеќе не ни требаат или не ги сакаме, кога ќе се ослободиме од товарот, од она што веќе не функционира за нас, отвараме простор за нешто ново, нешто што сакаме.
Изгледа едноставно кога станува збор да се исчисти фиоката во кујната. Но работата станува тешка кога станува збор за ослободување од луѓе, врски, верувања, идеи.
Како расте свеста дека треба да почнете да се ослободувате од некои работи ќе видите како се приближувате до тоа што отсекогаш сте го посакувале, а сте се плашеле да го побарате, сте мислеле дека не го заслужувате, сте верувале дека е недостижно.
Да се биде нешто што не си – лажна фасада може да се одржува извесен период на време но невозможно е и многу е мачно да се живее под притисок фасадата да се оддржи. Прекрасно е да бидеш тоа што си. Единствени сте и веќе некој друг е “друг”.
Земање на работите лично, особено лошото однесување на другите што нема никаква врска со вас. Не можеме да ги контролираме другите, како се однесуваат кон нас, што прават. Но можеме да избереме да се оградиме од нивните постапки, зборови и однесувања кои нé повредуваат и нé одвлекуваат од сопствените цели.
Што мислат другите луѓе вас не е ваша работа – нема на сите да им се допаѓате, нема да ве поддржуваат или да сакаат да бидат со вас, не сите ќе се сложуваат со вас … Научете да го прифатите тоа. Сé додека не повредувате некого водете го вашиот живот како сакате и сметате дека е најдобро за вас.
Потребата да се биде совршен директно води до неуспех. Наместо тоа потрудете се да направите најдобро што можете. Совршенството е невозможно.
Непродуктивен страв – одреден страв во животот е потребен за да нé заштити од опасности, но не ни треба страв што нé држи заглавени во ситуции кои не се опасни по живот и не ни служат добро. На пример, страв дека ако ја напуштиме токсичната врска ќе пропаднеме. Според истражувањата, 90 проценти од она што се плашиме е незначително, а 60 проценти никогаш нема да се случи.
Потребно е затварање – затворете ги токсичните врски со партнер, пријател, некој што ве изневерува или отфрла. Луѓето го прават тоа што го прават и вие не може да ги контролирате. Најдете сила да ја затворите врската за да може да продолжите да се движите напред и да ослободите место за други луѓе да влезат во вашиот живот.
Жалење за нешто што не сме направиле, нешто што не сме биле е губење време. Времето не можеме да го вратиме. Бидете благодарни за тоа што сте и што имате и фокусирајте се на тоа што може да наравите во времето што е пред вас.
Често сме фокусирани на она што другите кажале или не кажале, направиле или не направиле. Многу е поважно што ние чувствуваме и сакаме и да останеме фокусирани на нашата мотивација.