Неколку часа по синоќешниот натпревар на Македонија против Бугарија, преку Инстаграм се јави поранешниот капитен на националниот тим Горан Пандев.
На „стори“, тој ја постави изјавата на селекторот Благоја Милевски кој рече дека смета дека репрезентацијата е на вистинскиот пат, но очигледно дека не се согласува со тоа.
Изјавата ја проследи со емотикони со патент на устата со кои испрати порака до селекторот Благоја Милевски да замолчи после невидениот негов оптимизам дека Македонија е на прав пат и покрај ужасниот циклус во Лигата на нации со само седум освоени бода и трето место во групата 4 во Ц-дивизијата. но дека не се согласува со тоа што го зборува Милевски.