ГО ФРЛИ РЕКЕТОТ, А ПОТОА ИМИТИРАШЕ МАЈМУН: Скандалозно однесување на Медведев на турнирот во Мец (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Рускиот тенисер Данил Медведев повторно направи скандал на теренот.

Медведев претрпе пораз во осминафиналето на турнирот од Швајцарецот Стен Вавринка со резултат 6:4, 6:7, 6:3 и повторно во еден момент ги загуби нервите.

По еден удар, тој збесна и го фрли рекетот на земја, што предизвика свирежи од трибините.

Тоа дополнително го изреволтирало и онака нервозниот Русин.

Почна да гестикулира со рацете како да имитира мајмун, алудирајќи на однесувањето на публиката, а притоа правеше звуци кои наликуваа на мајмун во гнев додека покажуваше кон навивачите.

Оваа гестикулација на Медведев потраа, а тој очигледно беше исфрустриран од лошата игра, па би може да се соочи со казна за ваквата реакција во наредните денови.

https://twitter.com/i/status/1573012235961647106

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com