Горан Пандев, во интервју за „Газета дело Спорт“, изјави дека ја завршил професионалната кариера. 39. годишниот Пандев, во фудбалска пензија замина како фудбалер на Парма. Најголем дел од импресивната кариера ја мина во Италија, исклучок е сезоната 2014/2015 која ја мина во Галатасарај. Започна во Беласица, потоа играше во Специја, Анкона, Лацио
„По 20 години… мојот син наполни 13 и во целиот живот спевав почесто да го гледам само во периодот на одмор меѓу две сезони. Сега дојде време да уживам со семејството“, вели Пандев.
„За првпат цело лето не размислував за фудбал, а кога ќе се случи тоа се опуштате, јадете, помалку тренирате. Во главата немав дека треба да почнам подготовки. По настапите во Серија Б без плејоф или плејаут, неколку месеци не правев ништо, а кога имате 39 години, потешко е да се вратите“.
„Сега сакам малку повеќе да одморам со семејството затоа што 20 години се премногу за да бидете одвоени од него. Но ќе останам во фудбалот, друго и не знам да работам“.
Пандев не се гледа себеси како тренер, вели дека би сакал да работи како спортски директор или менаџер.
„Себеси се гледам како спортски директор или менаџер. Сакам да работам со деца, да им помагам, да разговарам со нив, да гледам младински фудбал“.
„Би сакал да им се заблагодарам на сите, фала ви за сѐ. На сите навивачи, претседатели, тренери низ кариерата. Сите тие ми дадоа нешто и јас тоа нема никогаш да го заборавам“.
Пандев во кариерата одигра 549 натпревари, постигна 112 голови. Сезоната 2009/2010 е најдобра во неговата кариера. Со Интер ја освои „триплета“. За Македонија играше две децении, рекордер е според бројот на настапи (122) и постигнати голови (38).