Пратениците, обвинети за упадот во собранието на 27-ми април, не кажуваат дали ќе поднесат барање да бидат амнестирани со новиот закон, кој пред два дена самите си го изгласаа.
Дел од обвинетите велат дека ќе се консултираат со своите адвокати, другите не сакаа да коментираат.
Од друга страна, пратеникот Љубен Арнаудов, кој за да ја каже својата одлука утринава пред влезот на кривичниот суд рече дека тоа ќе го стори само ако му дадат 50 евра.