Новиот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов изгуби свест и се онесвести за време на вчерашната прес-конференција на Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Случувањето започнува од 15 минута на видеото.
Дополнително, само неколку минути после неговото онесвестување, лидерот на ДПМНЕ, Мицкоски спедели фотографија на социјалните мрежи каде објаснува дека градоначалникот на Кочани е во ред и се пошегува дека нареден пат нема да го заборави појадокот.
„На денешната прес конференција за миг му се слоши на Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани. Се е во ред. Интензивен период беше, и тоа си го зема данокот… Поминавме многу, ќе поминеме уште повеќе. Сложно и братски. А тој ќе мора да вети покрај другите работи на кои сите се обврзавме денес, дека нема да го прескокнува појадокот. Продолжуваме за новата иднина во која сите веруваме!“, напиша вчера Мицкоски.