Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 746 тестови, а регистрирани се 169 нови случаи со КОВИД-19 и 242 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ регистрирано е едно починато лице од Струга (64г), починато на 28 август годинава во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
Од 169 новозаболени од Скопје се 93, Битола – 12, Куманово – 7, Прилеп, Велес, Охрид и Кочани – по 6, Гостивар, Струмица и Берово – по 4, Кавадарци, Штип, Струга и Неготино – по 3, Делчево и Тетово – по 2, Гевгелија, Крива Паланка, Виница, Богданци и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број позитивни (169), регистрирани се 55 реинфекции.
Од 242 оздравени пациенти од Скопје се 101, Битола – 18, Куманово – 17, Прилеп – 15, Велес – 14, Охрид и Кочани – по 9, Гостивар – 8, Струмица – 7, Берово, Кавадарци и Штип – по 6, Струга – 5, Неготино – 4, Тетово, Делчево, Гевгелија, Крива Паланка и Виница – по 2, Богданци, Демир Капија, Кичево, Ресен, Радовиш, Свети Николе и Дебар – по 1.