Искра Петровска Шешова, Специјалист Дерматолог
Дерматолошко Естетска Ординација Д-р Искра
Како кожата старее така се случуваат и сите промени на нејзината површина. На кожата и се губи еластичноста и текстурата, се јавуваат пигментации, се губи масното ткиво, кожата станува слабо прокрвена на површината се гледаат проширени капилари. Најголем дел од промените кои се јавуваат настануваат како резултат на намалена функција на фибробластите при што се намалува синтезата на нов колаген и еластин, под дејство на УВ зрачењето и слободните радикали од надворешната средина.
Идеално решение за овој проблем е третманот со мезотерапија.
Мезотерапијата е современа медицинска иглена техника која се применува во неинвазивните естетски третмани и е идеално решение за дехидрирана и уморна кожа. Со мезотерапијата се овозможува внесување витамини, активни супстанции, минерали и антиоксиданти во кожата со цел да се постигне рејувинација (подмладување), рехидратација и подобрување на текстурата и еластичност на кожата.
Што се постигнува со мезотерапијата ?
Со мезотерапијата се постигнува затегање и подобрување на еластичноста на кожата. Се овозможува рехидратација (се подобрува влажноста и свежината на кожата). Со стимулира создавање на нов колаген и еластин при што кожата станува еластична со подобар тургор и затегнатост.
Кои активни состојки се присутни во мезотераписките коктели?
Активните супстанции кои се употребуваат во мезотераписките коктели се прилагодени во зависност од моменталната состојба на кожата. Се работи за индивидуален пристап и индивидуална проценка кај секој пациент. Обично традиционалните коктели содржат минерали, витамини, олигоелементи, антиоксиданти, пептиди, фактори на раст, хијалуронска киселина и др.
Како се изведува третаманот со мезотерапија и дали е болен?
Првично се прави проценка на состојбата на кожата со цел да се одлучиме кој третман одговара за пациентот. Се чисти лицето од шминка се дезинфицира се аплицира локален анестетик со цел да се обезболи местото на апликација. Се аплицира со мали иглички на целото лице. Потоа се ставаат ладни облоги да се намали црвенилото. Па се става регенеративен крем и крем со заштитн фактор. При третманот со мезотерапија се чуствува лесно пецкање и минимална болка.
Дали има некои несакани ефекти од мезотерапијата?
Се работи за неивазивен третман кој што трае кратко, не повеќе од 30 мин. Самата метода е комфорна, безбедна и брза со видливи резултати. При апликацијата се чуствува лесно пецкање и црвенило. По третмано се ставаат ладни облоги со цел да се намали црвенилото. Во случај ако има некоја модрица за неколку дена поминува со користење на антикоагулантен крем или крем кој содржи арника. Инаку пациентот после третманот може да се врати на секојдневните обврски.
Колку третмани се препорачуваат за постигнување на резултати?
И веднаш после изведување на еден мезотераписки третман се гледаат резултати на освежена и затегната кожа. Инаку се препорачуваат најчесто 4-5 третмани за постигнување на одлични резултати. Растојанието меѓу третманите зависи пред се од тоа какви мезотераписки коктели ќе се употребат. Може да бидат изведени еднаш неделно до растојание од 3- 4 недели.
Дали мезотерапијата може да се комбинира и со другите неинвазивни третмани?
За постигнување на подобри и подолготрајни резултати може да се комбинира и со другите естетски третмани како што се филери, ботокс, хемиски пилинг, дермоабразија.