Состојбата е стабилна и нема потреба од воведување заштитни мерки – рече денеска портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, Злате Мехмедовиќ.
„Епидемиолошката состојба согласно сите параметри коишто ги имаме, а тоа се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати се уште не става во зелената зона. Согласно ова, нема да има превентивни мерки коишто ги препорачува Комисијата“.
Има само девет пациенти на респираторна поддршка, што значи болничкиот систем не е оптоварен.
Пет ковид амбуланти од следната недела ќе почнат да функционираат на територијата на Скопје.
„Тие пет ковид-амбуланти ќе бидат сместени во петте поликлиники во Скопје, во поликлиниката „Идадија“, во поликлиниката „Ѓорче Петров“, во „Јане Сандански“, во Ченто и во Чаир“, рече Мехмедовиќ.