Моделот и поранешен ангел на „Викторија Сикрет“ Кендис Сванапул, ги воодушевила сите кои ги впивале сончевите зраци на една бразилска плажа, покажувајќи ја сета раскош на своето тело.
Кендис се забавувала со пријателите, а бикинито кое го носела било од брендот „Tropic of C“ (нејзин бренд на бикини), додека пак истото ги покрило само најинтимните делови од нејзиното тело.
Со оглед на тоа што низ годините таа присуствувала на ревиите на „Викторија Сикрет“, Кендис го довела своето тело до совршенство, а многумина ја нарекле најубава жена на светот.
По заминувањето од „Викторија Сикрет“, Кендис отворила свое претпријатие кое се занимава со произведување бикини инспирирани од природата и женското тело, а сите бикини и пакувањата во кои се продаваат направени се од материјали кои можат да се рециклираат и кои не ѝ штетат на околината.
За разлика од многу модели, Кендис пораснала на село во Јужна Африка и поради тоа се грижи за околината и природата.
Оваа млада претприемачка, освен што продава сопствена линија на бикини, модел е и за многу познати брендови. Минатата година била модел на брендот на Ким Кардашијан – „Skims“.
Таа исто така е горда мајка на двајца синови, Анаке и Ариел кои ги добила со поранешниот партнер и манекен Керман Николи со кој врската ја прекинала во 2017 година, а колку што е познато после тоа нејзиното срце никој повторно не успеал да го освои.
Тие ја прекинале врската по 14 години, а се запознале и се заљубиле во Париз кога таа имала 17 години, а тој 23. Се вериле во 2015 година, но на нивната љубов ѝ пресудила работата и преголемата оддалеченост.