Британските медиуми пренесоа дека љубовницата на Путин, Алина Кабаева е бремена, а рускиот претседател не е среќен што ќе стане татко. Се шпекулира дека Путин чека уште едно дете, ќерка, со гимнастичарката. Тие пренесоа дека Кабаева била бремена уште од мај.
„Путин дозна дека неговата љубовница е повторно бремена – и очигледно тоа не било планирано“, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на руски извори.
Путин кој оваа година ќе наполни 70 години наводно веќе има две деца со Кабаева. Тој уште од 2007 година ги негираше шпекулациите дека е во врска со 31 години помладата Кабаева,
„Веќе објавивме дека Алина Кабаева, партнерката на претседателот на Русија, е бремена. Вчера е откриен полот на нероденото дете, се работи за девојче“, пренесоа британските медиуми.
Британски „Сан“ пренесе дека Путин воопшто не е импресиониран и не го израдувала оваа вест. Кога дознал за веста промрморел: И така имам доволно деца и имам доволно ќерки долго време.
Кабаева последен пат е видена пред еден месец во црноморското одморалиште Сочи во камп за обука за ритмичка гимнастика со 28 деца. Во март 2015 година медиумите пренесоа дека таа родила син во ВИП-клиника во Швајцарија, а во 2019 година, наводно му родила и близнаци во Москва.
Швајцарско-руски гинеколог наводно изјавил за печатот во Швајцарија во 2022 година дека и двете деца се момчиња, што би значело дека Путин има два сина на возраст од 7 и 3 години со Алина.
Наводно, Путин е татко и на младата Јелисавета, која е ќерка на мистериозната Светлана Кривоноги од Санкт Петербург.
За потсетување, приватниот живот на Путин отсекогаш бил мистериозен и никој не знае точно колку деца има. Неговите најпознати ќерки се бизнисменката Марија Вороцова (37) и научничката и поранешна танчарка Катерина Тихонова (35), која ја има со поранешната сопруга Људмила. И двете беа санкционирани од Западот од почетокот на руската војна во Украина.