Д-р Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил сподели совет откако ковид вирусот повторно зема замава.
Според него автобускиот превоз може да биде извор на заразата.
-Организираниот превоз со автобуси до/од туристичките дестинации, кој најчесто го користат постарите наши граѓани и тинејџерите е идеален извор за Омикрон БА 4/5 вирусот.Токму затоа, сите мои почитувани сограѓани кои сте +60, за да не Ви се уништи долгоочекуваниот годишен одмор со температура, малаксаност, главоболка, гадење од “несаканиот гостин” носете заштитна маска во текот на патувањето.Почитувани шофери, правете почести паузи, со целосно проветрување на автобусите, а во текот на проветрувањето оставете ја климата на автобусот вклучена – напиша Беќаровски.