По голема борба и над четири часа на терен, Рафаел Надал го победи Тејлор Фриц и се пласира во полуфиналето од Вимблдон.
Долго време играше повреден, дури доби сугестија од татко му да предаде, но сепак одигра и триумфираше во пет сета. Сепак, има такви кои се сомневаат дека Шпанецот навистина има здравствени проблеми. Меѓу нив и италијанскиот тенисер Фабио Фоњини кој преку Инстаграм удри по Надал.
„Четири часа и 20 минути, ама сигурно. Луѓе, ве молам, престанете да верувате во се што ќе прочитате“, напиша Фоњини на Инстаграм.
Во полуфиналето Надал ќе игра против Ник Кирјос, а ако успее да го победи, ќе се бори за третиот Гренд слем оваа сезона.