Играчот на НБА и ѕвездата на Шарлот Хорнетс, Мајлс Бриџис, брутално ја претепал својата сопруга Мишел Вилијамс.
Овој 24-годишен кошаркар бил уапсен во Лос Анџелес поради напад на жена, а подоцна се испоставило дека ја претепал сопствената сопруга. Вилијамс на социјалните мрежи ги покажала своите повреди
Жал ми е што дојде до ова, но не можам повеќе да молчам. Дозволив некој да ми го уништи домот, да ме понижува на секој можен начин и да ги трауматизира нашите деца. Нема да дозволам повеќе, но ниту луѓето околу него кои го штитат“, напишала Мишел меѓу другото по тешките повреди со кои се здобила и додала:
“Моите деца заслужуваат подобро. Не сакам никому да му се повтори ова. Тој го направи тоа пред децата кои се преплашени. Јас сакам само мир”. Во бруталниот напад таа се здобила со тешки повреди. Скршени ѝ се носот и зглобот, дупнато тапанчето на увото, а има и голем број други повреди.