Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов тешко го поднел поразот од Грција. За него, резултатот од мечот во Кожани е голем срам.
“ По пораз од Тунис на квалификциите за ОИ, оној во Кожани од Грција за мене беше најтежок. Ми беше срам. Тоа беше дното. Сите кои беа во Кожани се виновни, не ги делам ракометарите на млади и стари, но факт е дека има еден лош однос и злоупотреба на монополот кои го држат поединци на одредени позиции. Ме загрижи односот кој го видов од некои играчи, покажаа непочитување кон државата, граѓаните и федерацијата. Дел од репрезентативците ќе мора да го сменат односот на кој се однесуваат во репрезентацијата. Тој однос е за секаква осуда, посебно кон националниот дрес“, коментираше Мукаетов.
Инаку, македонската репрезентација подготовките за Светското првенство ќе ги започне на 19 декември.