Пред речиси пет години Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа при скијање на француските алпи и само среќата и добрата медицинска помош му го спасија животот. Изминативе години јавноста добиваше многу малку информации за состојбата на Германецот.
Но, правата вистина утринава ја објави „Дејли Мејл“ .
Имено, тој повеќе не бил „врзан“ за кревет и не преживува со помош на апарати. Состојбата му се подобрува откако добива скапа медицинска помош, кој чини дури 50.000 фунти неделно. Има специјализиран тим на доктори и медицински сестри кои постојано се грижат за него, а третманот очигледно функционира.