Светското првенство во пливање што се одржува во Будимпешта донесе голема драма во која во главна улога беше американската пливачка Анита Алварес.
Во текот на својот настап во уметничко пливање, таа се онесвести и потона на дното од базенот. Нејзината тренерка, Андреа Фуентеа скокна во водата, во облека, ја дофати и херојски исплива на површина, носејќи го, во тие моменти безживотното тело на својата спортистка.
-Многу се уплашивме. Морав да скокнам во водата бидејќи спасителите тоа не го направија – изјавила Фуентес и додала:
-Сега е добро. Имаше вода во белите дробови. Сега нормално дише и верувам дека ќе биде се во ред.
Алварес се уште беше во несвест кога на носилки беше однесена во медицинскиот центар во рамките на базенот. По неколку минути нејзиниот тренер Андреа Фуентес донесе добри вести дека се чувствува добро и дека е свесна.
Алварес, која е прогласена за спортиска на годината во синхронизирано пливање во 2016 и 2019, се бореше за својот трет медал на светските првенства, но го освои седмото место.
https://twitter.com/i/status/1539698917285191682