Вакво нешто, по правило, би можело да се очекува и за СП 2022 во Катар, но познавајќи ги законите во оваа исламистичка држава, фановите ќе мора да бидат внимателни и со алкохолот и со незадолжителниот секс. Англискиот „Дејли Стар“ веќе излезе со предупредување за навивачите на „Гордиот Албион“ кои планираат да патуваат за Катар дека за било каква сексуална врска со некој кој не е вашиот сопружник се соочуваат со затворска казна во траење од седум години.
„На ваквите настани, сексот е често на менито, но тука не смее да се практикува доколку не сте со сопругот или сопругата. Дефинитивно нема да има секс за една вечер на Мундијалот, ниту жестоки забави. Сите треба да бидат со ладна глава доколку не сакаат да завршат во затвор“, рекол извор од полицијата во Катар за „Дејли Стар“.