Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.067 тестови, а регистриран е 91 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 65, Куманово – 8, Битола – 6, Охрид – 4, Прилеп и Кавадарци – по 2, Тетово, Велес, Гостивар и Штип – по 1. Од вкупниот број на позитивни (91), регистрирани се 23 реинфекции.
Регистрирани сe 67 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Битола – 8, Прилеп, Кавадарци, Тетово, Гостивар и Берово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.