Бугарската репрезентација доживеа тешка сообраќајна несреќа откако пристигна во грузискиот главен град Тбилиси, соопшти матичниот фудбалски сојуз.
На пат кон хотелот на екипата, возачот на првиот од двата автобуси што го превезуваа бугарските фудбалери изгубил контрола над возилото поради влажниот коловоз, поради што направил тешка сообраќајна несреќа. По судирот, Тодор Неделев бил пренесен во локална болница, каде му била извршена операција на парче стакло во главата. Според Дарик и dsport.bg, интервенцијата траела над два часа, но била успешна. Тој ќе остане под лекарски надзор во Тбилиси една недела. Сите останати членови на тимот и стручниот штаб на бугарската репрезентација се добро.
„Најважно беше брзиот и адекватен транспорт на Тодор Неделев до болница. Тодор е стабилизиран, шокот е голем и играчите веројатно уште долго ќе бидат погодени. Животот е таков што не можеме да предвидиме такви работи. Во моментов стручниот штаб сака натпреварот со Грузија да се одигра според планот“, изјавија од централата за Нова ТВ.
Бугарија утре и гостува на Грузија по тешката загуба од 2:5 на домашен терен од истиот противник пред една недела од 19 часот во четвртиот натпревар од Лигата на нации во потрага по првиот успех во овогодинешното натпреварување.