Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.185 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 38, Битола – 6, Куманово – 2, Тетово, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Берово и Виница – по 1. Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 9 реинфекции.
Регистрирани сe 94 оздравени пациенти од: Скопје – 63, Охрид – 7, Битола – 5, Велес, Кочани и Берово – по 3, Куманово и Неготино – по 2, Прилеп, Тетово, Штип, Струга, Свети Николе и Дебар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (53г) и Охрид (78г), починати во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 03-08.05.2022 година