Д-р Ненад Лазаров од примарната медицина, сопственик на приватната ординација „Медика Вера“ на својот „Фејсбук“ сподели дека утрово до 8.30 часот биле издадени 1.150 кутии од лекот за смирување „дијазепам“, а оваа бројка до 11 часот е зголемена на 6.200 кутии.
Тој пред неколку месеци објави податок дека во 2020 година биле препишани 1.310.000 рецепти дијазепам, 300.000 повеќе од 2015 година.
„Нема куќа без дијазепам“, посочи докторот во неговиот статус.