Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 27.05 до 29.05.2022):
Направени се 2.335 тестови, а регистрирани се 151 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 109, Штип – 9, Битола и Охрид – по 5, Куманово, Прилеп и Велес – по 3, Тетово и Свети Николе – по 2, Кавадарци, Гостивар, Струмица, Кичево, Кочани, Струга, Неготино, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (151), регистрирани се 29 реинфекции.
Регистрирани сe 194 оздравени пациенти од: Скопје – 134, Битола – 10, Охрид и Ресен – по 7, Штип – 6, Куманово, Тетово и Берово – по 4, Кавадарци, Велес, Кичево и Свети Николе – по 3, Прилеп и Струга – по 2, Струмица и Дебар – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 27.05 до 29.05.2022) пријавено е едно починато лице од Прилеп (97г) починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (72г) и Битола (85г),едно лице е починато во болнички услови ,а другото лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 03.05.2022- 19.05.2022 година.