ВАШ ПСИХОЛОГ: Грижата на бабата и дедото

by Тони Зографски

М-р Калиа Поповска

советник за депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето

Web strana: https://www.kaliatherapylondon.com/

Instagram: kalia.therapylondon

Бабата и дедото играат многу значајна улога во развојот на децата кое влијание е различно од врската родител-дете. Извор се на мудрост, воведуваат културни и семејни традиции, позитивно влијаат на среќата и благосостојбата на целото семејство и помогаат да се формира слика за здрава семејна динамика.

Улогата на бабата и дедото постојано се менува – учител, другар за игра, згрижувач, љубовен советник. Љубовта и емоционалната близина што ја даваат има големо, позитивно влијание на здравиот развој на внуците. Силната поврзаност на децата им дава сигурност и чувство на припадност, а заедничките активности создаваат посебни спомени. Преку блискиот контакт, чувството на емоционална интимност и непоколебливата поддршка, децата може да осетат што е вистинска, неусловна љубов.

Наједноставната работа што баба и дедо може да ја направат за внуците е да бидат заедно повеќе време.

Почитувањето децата го учат од родителите, но бабата и дедото имаат големо влијание на ова поучување затоа што тие не ја исполнуваат традиционалната улога на авторитет. Децата учат да ги ценат постари и учат како да одржат значајна врска надвор од родителите.

Бабата и дедото:

– влијаат на формирање на верувањата и ведностите на детето

– го намалуваат стресот во семејството, помалку депресија и кај децата и кај старите. Совршени се за игра и забава, за креативност и имагинација во откривање на чудата на животот.

– имаат големо искуство, имаат многу приказни од животот и искуства за споделување, нудат врска со културното наследство и семејната традиција. Децата го формираат својот идентитет и учат од каде потекнуваат.

– даваат чувство на сигурност особено во тешки времиња, дополнителна сигурност е важна во животот на детето. Блискиот однос е асоциран со помалку емоционални проблеми, помалку проблеми во однесувањето и предизвици со врсниците. Тие се дополнителен слушател кога детето сака со некого да зборува.

– нудат прифатлива опција за згрижување на децата во семејства каде родителите работат, играат голема улога во подигнување на децата.

– даваат совети – младите родители повеќе им веруваат на своите родители, отколку на пријателите или веб страните. Бабата и дедото ги тешат родителите кои се фрустрирани и помагаат во донесување на семејни одлуки.

– ги учат децата – внесуваат ентузујазам што му помага на детето да расте и учи низ емоционална присутност, игра, прошетка, споделување, зборување, читање, раскажување приказни. Тие се емоционална поддршка на внуците, покажуваат разбирање и ги зајакнуваат границите дадени од родителите.

– даваат љубов – најважното нешто. Вниманието, интеракцијата и безусловната љубов потребни за здрав развој помагаат детето да се чувствува сигурно и безбедно. Љубовта има вистинско, трајно влијание на иднината на децата.

Активното вклучување на баба и дедо помага да израснат сигурни, самоуверени деца кои полесно се справуваат со стрес и имаат помалку проблеми во однесувањето како возрасни. Љубовта и охрабрувањето од баба и дедо се градежен материјал за самодовербата.

 

останати вести